2 А виде и една бедна вдовица, како пушти таму две лепти,
3 и рече: „Вистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите,
4 зашто сите овие приложија дар за Бога, од својот вишок; а таа од својата немаштија: пушти сè што имаше за живеење.”
5 И кога некои зборуваа за Храмот дека е украсен со убави камења и со заветни дарови, Тој им рече:
6 ”Ќе дојдат дни кога од ова што го гледате, не ќе остане ни камен на камен, што не ќе биде урнат!”
7 А тие Го прашаа, велејќи: „Учителе, кога ќе биде тоа, и каков е знакот, дека тоа ќе стане?”
8 Тој пак рече: „Внимавајте да не ве заведат, зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас сум’ и ‘времето приближило!’ Не одете по нив!