22 Зашто тоа се дни на одмазда, за да се исполни сè што е напишано!
23 Горко им на бремените и на доилките во тие дни, зашто ќе има голема неволја во земјата и гнев врз овој народ.
24 Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведуваат во ропство меѓу сите народи; а народите ќе го газат Ерусалим, додека не се исполнат времињата на народите.”
25 И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови;
26 луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.
27 И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.
28 А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги главите, зашто се приближи вашето избавување.”