25 И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови;
26 луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.
27 И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.
28 А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги главите, зашто се приближи вашето избавување.”
29 Потоа им кажа парабола: „Погледајте ги смоквата и сите дрвја;
30 кога ќе видите дека развиваат, сами знаете дека летото е веќе близу.
31 Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу!