30 кога ќе видите дека развиваат, сами знаете дека летото е веќе близу.
31 Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу!
32 Вистина ви велам, дека ова поколение нема да помине, додека сè ова не се збидне.
33 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
34 ”Но, внимавајте на себеси, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, со животни грижи и да не ве затече ненадејно оној ден,
35 зашто како примка ќе дојде за сите кои живеат по целата земја.
36 Туку, бдејте и молете се во секое време, за да успеете да избегнете од сето ова што ќе настане, и да застанете пред Човечкиот Син.”