1 Тогаш целото нивно множество стана и Го одведе при Пилата.
2 И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: „Го најдовме Овој, како го буни нашиот народ и забранува да се дава данок на ќесарот, а за Себе вели дека е Христос Цар.”
3 А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Јудејски Цар?” А Тој во одговор му рече: „Ти велиш.”
4 Тогаш Пилат им рече на свештеничките главатари и на народот: „Не наоѓам никаква вина на Овој Човек.”