12 Во истиот ден Пилат и Ирод се спријателија, зашто порано беа непријатели.
13 А Пилат ги свика свештеничките главатари, началниците и народот, и им рече:
14 ”Ми Го доведовте Овој Човек како Тој да го бунтува народот; а, еве, јас Го испитав пред вас и не најдов во Овој Човек никаква вина, за која Го обвинувате.
15 А ни Ирод, зашто Го прати назад при нас. И Овој не направил ништо, што заслужува смрт.
16 Затоа, ќе Го казнам и ќе Го ослободам.”
17 А требаше да им ослободи еден затвореник на празникот.
18 Но тие сите извикаа едногласно: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!”