15 А ни Ирод, зашто Го прати назад при нас. И Овој не направил ништо, што заслужува смрт.
16 Затоа, ќе Го казнам и ќе Го ослободам.”
17 А требаше да им ослободи еден затвореник на празникот.
18 Но тие сите извикаа едногласно: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!”
19 Кој беше фрлен во темница, заради некаква буна во градот и заради убиство.
20 А Пилат им се обрати пак, сакајќи да Го ослободи Исуса;
21 но тие викаа, велејќи: „Распни Го! Распни!”