21 но тие викаа, велејќи: „Распни Го! Распни!”
22 А тој им рече по третпат: „Та какво зло направил? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт. Затоа ќе Го ослободам, откако ќе Го казнам.”
23 Но тие навалуваа со голема викотница и бараа да биде распнат; а викањето на нив и на свештеничките главатари беше сè посилно.
24 Тогаш Пилат одлучи да го исполни нивното барање.
25 И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен во темница заради бунт и убиство; а Исуса им Го предаде на нивна волја.
26 И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса.
27 По Него одеше големо множество народ и жени, кои плачеа и ридаа за Него.