28 Но Исус се заврти кон нив и им рече: „Ерусалимски ќерки, не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца!
29 Зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: ‘Блажени се неродилките! И утробите што не родиле и градите што не доеле!’
30 Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нè!’
31 Зашто, ако се прави вака со зеленото дрво, што ќе биде со сувото.
32 А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него.
33 И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и злочинците - едниот оддесно, а другиот одлево.
34 А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!” Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка.