32 А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него.
33 И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и злочинците - едниот оддесно, а другиот одлево.
34 А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!” Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка.
35 Народот стоеше и гледаше. А старешините се ругаа, велејќи: „Други спаси! Нека се спаси Самиот Себеси, ако е Тој Христос, Божји Избраник!”
36 Му се потсмеваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина;
37 и велеа: „Ако си Јудејски Цар спаси се Самиот!”
38 А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Јудејскиот Цар.”