41 И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.”
42 И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!”
43 А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”
44 А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час,
45 при што сонцето ја изгуби својата светлина, а завесата во Храмот се расцепи на средина.
46 Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце.” И кога го рече - издивна.
47 А кога стотникот виде што се случи, почна да Го слави Бога, велејќи: „Навистина, Овој човек беше праведен!”