47 А кога стотникот виде што се случи, почна да Го слави Бога, велејќи: „Навистина, Овој човек беше праведен!”
48 И сиот народ, што се беше собрал да го гледа ова, кога виде што стана, се враќаше дома, удирајќи се по градите.
49 А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои дошле по Него од Галилеја - го гледаа тоа.
50 И ете, некој човек по име Јосиф, кој беше советник, добар и праведен човек,
51 тој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело - од јудејскиот град Ариматеја - кој го очекуваше Божјото Царство,
52 отиде при Пилата и го побара Исусовото тело.
53 И кога го симна, го обви во ленено платно и го положи во гроб, исечен во камен - во кој уште никој не беше положен.