51 тој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело - од јудејскиот град Ариматеја - кој го очекуваше Божјото Царство,
52 отиде при Пилата и го побара Исусовото тело.
53 И кога го симна, го обви во ленено платно и го положи во гроб, исечен во камен - во кој уште никој не беше положен.
54 А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55 По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.