7 И кога научи дека е од Иродовата област, Го испрати при Ирода, кој во тие денови - исто така - беше во Ерусалим.
8 А кога Ирод Го виде Исуса, се зарадува многу, дека одамна имаше желба да Го види; зашто беше слушал за Него и се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него.
9 И Му поставуваше многу прашања, но Тој не му одговори ништо.
10 А свештеничките главатари и книжниците стоеја и Го обвинуваа постојано.
11 Тогаш Ирод, со своите војници, Го презре и Му се наруга; Го облече во сјајна облека и Го испрати назад при Пилата.
12 Во истиот ден Пилат и Ирод се спријателија, зашто порано беа непријатели.
13 А Пилат ги свика свештеничките главатари, началниците и народот, и им рече: