Лука 3:3-9 MKB

3 И тој одеше по целата страна околу Јордан и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите,

4 како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Глас на еден, кој вика во пустината: ‘Пригответе пат за Господа, израмнете ги Неговите патеки!

5 Нека се исполни секоја долина, и секоја гора и секое ритче нека се снизат; кривите ќе станат прави, а нерамните места нека бидат глатки!

6 И секое тело ќе го види Божјото Спасение!’

7 На множеството пак, кое доаѓаше да биде крстено од него, му велеше: „Змиини породи! Кој ве предупреди од гневот што иде?

8 Донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: ‘Го имаме Авраама за татко!’ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраама.

9 А и секирата веќе лежи при коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.”