6 И секое тело ќе го види Божјото Спасение!’
7 На множеството пак, кое доаѓаше да биде крстено од него, му велеше: „Змиини породи! Кој ве предупреди од гневот што иде?
8 Донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: ‘Го имаме Авраама за татко!’ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраама.
9 А и секирата веќе лежи при коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.”
10 А народот го праша: „Тогаш, што да правиме?”
11 А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека му даде на оној кој нема; и кој има храна нека го прави истото!”
12 Дојдоа и цариниците да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да правиме ние?”