1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината
2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне.
3 Тогаш ѓаволот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.”
4 А Исус му одговори: „Напишано е, дека човекот не ќе живее само со леб.”