14 И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина.
15 А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа.
16 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита.
17 Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано:
18 ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце,
19 да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.”
20 Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него.