20 Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него.
21 И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши.
22 И сите Му посведочија и им се восхитуваа на благодатните зборови, што излегуваа од Неговата уста. И велеа: „Не е ли Овој Синот Јосифов?”
23 И им рече: „Секако ќе ми ја кажете пословицава: ‘Лекаре, излечи се сам!’ Направи и тука, во својот роден крај, сè што чувме дека си направил во Капернаум.”
24 Тогаш им рече: „ Вистина ви велам, дека ниеден пророк не е примен во својата родина.
25 Вистина ви велам - имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога небото беше затворено три години и шест месеци и настана голема глад по целата земја;
26 и при ниедна од нив не беше пратен Илија, а само при жената вдовица во Сидонската Сарепта.