Лука 4:21-27 MKB

21 И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши.

22 И сите Му посведочија и им се восхитуваа на благодатните зборови, што излегуваа од Неговата уста. И велеа: „Не е ли Овој Синот Јосифов?”

23 И им рече: „Секако ќе ми ја кажете пословицава: ‘Лекаре, излечи се сам!’ Направи и тука, во својот роден крај, сè што чувме дека си направил во Капернаум.”

24 Тогаш им рече: „ Вистина ви велам, дека ниеден пророк не е примен во својата родина.

25 Вистина ви велам - имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога небото беше затворено три години и шест месеци и настана голема глад по целата земја;

26 и при ниедна од нив не беше пратен Илија, а само при жената вдовица во Сидонската Сарепта.

27 Исто имаше многу лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не беше очистен освен Сириецот Нааман.”