27 Исто имаше многу лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не беше очистен освен Сириецот Нааман.”
28 А кога го чуја тоа, сите во синагогата се наполнија со гнев
29 и станаа, и Го истераа од градот, и Го одведоа до стрмнината, на која беше соѕидан нивниот град, за да Го фрлат долу.
30 Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
31 И слезе во Капернаум, град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота.
32 И и се восхитуваа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33 А во синагогата имаше човек опфатен од дух на нечист бес; тој извика со силен глас: