3 Тогаш ѓаволот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.”
4 А Исус му одговори: „Напишано е, дека човекот не ќе живее само со леб.”
5 И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот
6 и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам.
7 И така, ако ми се поклониш, сè ќе биде Твое.”
8 А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’
9 И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу,