34 ”Ех, што имаме ние со Тебе - Исусе Назареецу? Дали дојде да нè упропастиш? Знам, Кој си Ти: Божји Светец.”
35 А Исус го прекоруваше, велејќи: „Молкни и излези од него!” Тогаш бесот го кутна на средина и излезе од него, и ништо не му напакости.
36 И сите се исплашија и си велеа еден на друг: „Какво е тоа слово, да со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и излегуваат?”
37 И се разнесе глас за Него по сите околни места.
38 И стана од синагогата, влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта беше опфатена од силна треска и Го помолија за неа.
39 И се наведна кон неа, и запрети на треската, и таа ја остави, и стана веднаш и им служеше.
40 А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели.