37 И се разнесе глас за Него по сите околни места.
38 И стана од синагогата, влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта беше опфатена од силна треска и Го помолија за неа.
39 И се наведна кон неа, и запрети на треската, и таа ја остави, и стана веднаш и им служеше.
40 А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели.
41 И лоши духови излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син.” А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос.
42 А кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а народот Го бараше и дојдоа до Него, и сакаа да Го задржат, за да не си отиде од нив.
43 А Тој им рече: „И на другите градови треба да им го проповедам Евангелието за Божјото Царство, зашто Сум испратен за тоа.”