7 И така, ако ми се поклониш, сè ќе биде Твое.”
8 А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’
9 И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу,
10 зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, да Те запазат
11 и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш Твојата нога на камен.’
12 Исус одговори и му рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, Својот Бог.’”
13 И откако го заврши секое искушение, ѓаволот отстапи од Него за некое време.