9 И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу,
10 зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, да Те запазат
11 и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш Твојата нога на камен.’
12 Исус одговори и му рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, Својот Бог.’”
13 И откако го заврши секое искушение, ѓаволот отстапи од Него за некое време.
14 И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина.
15 А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа.