23 Што е полесно да се рече: ‘Ти се опростуваат гревовите’ или ‘Стани и оди’!
24 Но, да знаете дека Човечкиот Син има власт на земјата да ги опростува гревовите, му рече на фатениот: „Тебе ти велам, стани и дигни го својот одар и оди си во својот дом!”
25 И веднаш стана пред нив, го зеде она на кое лежеше, и си отиде дома, славејќи Го Бога.
26 И тие сите се зачудија и Го славеа Бога и - исполнети со страв - зборуваа: „Денес видовме чудни нешта!”
27 И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!”
28 Тој остави сè, стана и тргна по Него.
29 И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата.