29 И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата.
30 А фарисеите и нивните книжници им негодуваа на Неговите ученици, велејќи:” Зошто јадете и пиете со цариниците и грешниците?”
31 Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните.
32 Не дојдов да ги повикам праведните, туку грешниците на покајание.”
33 А тие Му рекоа тогаш: „Јовановите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?”
34 Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив?
35 Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни.