3 Тој влезе во едниот кораб, кој беше Симонов, го замоли да го оддалечи малку од копното. Потоа седна и го поучуваше народот од коработ.
4 А кога прекрати да зборува, му рече на Симона: „Одвеслај кон длабокото и фрлете ги своите мрежи за лов!”
5 Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но на Твој збор, ќе ги фрлам мрежите.”
6 И кога го направија тоа, уловија големо множество риба, така што им се кинеа мрежите.
7 И им дадоа знак на другарите, во другиот кораб, за да дојдат и да им помогнат. И дојдоа и ги наполнија двата кораба, така што почнаа да тонат.
8 Кога Симон Петар го виде тоа, падна пред Исусовите колена и рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!”
9 Зашто се зачудија - тој и сите, кои беа со него, заради ловот на рибите што ги уловија.