31 Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните.
32 Не дојдов да ги повикам праведните, туку грешниците на покајание.”
33 А тие Му рекоа тогаш: „Јовановите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?”
34 Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив?
35 Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни.
36 А им ја кажа и оваа парабола: „Никој не кине крпа од нова облека, за да ја стави на стара облека; инаку ја кине новата облека, а на старата не и прилега крпа од новата.
37 И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите и ќе истече, а мевовите ќе пропаднат.