35 Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни.
36 А им ја кажа и оваа парабола: „Никој не кине крпа од нова облека, за да ја стави на стара облека; инаку ја кине новата облека, а на старата не и прилега крпа од новата.
37 И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите и ќе истече, а мевовите ќе пропаднат.
38 Туку ново вино, треба да се налева во нови мевови, па се запазува и едното и другото.
39 И никој - откако пил старо вино - не сака ново, зашто вели: „Старото е подобро.”