7 И им дадоа знак на другарите, во другиот кораб, за да дојдат и да им помогнат. И дојдоа и ги наполнија двата кораба, така што почнаа да тонат.
8 Кога Симон Петар го виде тоа, падна пред Исусовите колена и рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!”
9 Зашто се зачудија - тој и сите, кои беа со него, заради ловот на рибите што ги уловија.
10 А исто така и Заведеевите синови, Јован и Јаков, кои беа Симонови другари. А Исус му рече на Симона: „Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”
11 И ги извлекоа корабите на суво, оставија сè и отидоа по Него.
12 И кога беше во еден град, ете, човек целиот лепрозен, штом Го виде Исуса падна ничкум и Го замоли, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
13 Тогаш ја протегна раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!” И веднаш лепрата падна од него.