1 Се случи во втората главна сабота, да минува низ посевите, а Неговите ученици кинеа класје, го триеја со рацете и јадеа.
2 А некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите тоа, што не е дозволено да се прави во саботни денови?”
3 Исус одговори и им рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне тој и тие, кои беа со него?
4 И како влезе во Божјиот Дом, ги зеде поставените лебови и јаде, им даде и на оние, кои беа со него, што никому не е дозволено да ги јадат, а само свештениците.
5 И им рече: „Човечкиот Син е Господар и на саботата.”