11 А тие се исполнија со безумна јарост и се договараа меѓу себе што би можеле да Му направат на Исуса.
12 Во тие дни се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога.
13 А кога се раздени, ги повика Своите ученици и од нив избра Дванаесетмина, кои и ги нарече апостоли:
14 Симон, кого го нарече и Петар, и брата му Андреја; Јакова и Јована; Филипа и Вартоломеја;
15 Матеја и Тома; Јакова Алфеев и Симона, наречен Зилот;
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариотски кој стана и предавник.
17 И кога слезе, заедно со нив, и застана на едно рамно место, и множество Негови ученици и множество народ од цела Јудеја и од Ерусалим, од Тирското и Сидонското приморје,