Лука 6:17-23 MKB

17 И кога слезе, заедно со нив, и застана на едно рамно место, и множество Негови ученици и множество народ од цела Јудеја и од Ерусалим, од Тирското и Сидонското приморје,

18 кои дојдоа да Го чујат и да се исцелат од своите болести, и оздравуваа и оние, кои беа измачувани од нечисти духови.

19 И целиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.

20 И Тој ги подигна Своите очи кон Своите ученици и рече: „Блажени сте вие бедните, зашто е ваше Божјото Царство!

21 Блажени сте вие, кои гладувате сега, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои плачете сега, зашто ќе се смеете!

22 Блажени сте кога луѓето ќе ве замразат, и кога ќе ве одделат и ве похулат и го исфрлат вашето име како лошо, заради Човечкиот Син!

23 Радувајте се во тој ден и ликувајте, зашто ете, голема е вашата награда на небото. Зашто нивните татковци им правеа исто така на пророците.