2 А некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите тоа, што не е дозволено да се прави во саботни денови?”
3 Исус одговори и им рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне тој и тие, кои беа со него?
4 И како влезе во Божјиот Дом, ги зеде поставените лебови и јаде, им даде и на оние, кои беа со него, што никому не е дозволено да ги јадат, а само свештениците.
5 И им рече: „Човечкиот Син е Господар и на саботата.”
6 А во една друга сабота влезе во синагогата и поучуваше, а таму имаше и еден човек, чија десна рака беше исушена.
7 А книжниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат.
8 А Тој ги знаеше нивните мисли и му рече на човекот со исушената рака: „Стани и исправи се на средина!” И стана и се исправи.