27 Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат.
28 Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат.
29 На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата.
30 Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
31 И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.
32 И ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква ви е благодарноста? И грешниците ги љубат оние, кои ги љубат нив.
33 И ако им правите добро на оние, кои вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? И грешниците го прават истото.