Лука 6:38-44 MKB

38 Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.”

39 А им кажа и парабола: „Може ли слепец да води слепец? Зар не ќе паднат обајцата во јама?

40 Нема ученик над својот учител, секој кој ќе се усоврши ќе биде како Неговиот учител.

41 А зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а не ја забележуваш гредата во своето око?

42 Како можеш да му речеш на брата си: ‘Брате, остави ме да ја извадам раската од твоето око!’ А сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!

43 Нема добро дрво што дава гнил плод; ниту гнило дрво што дава добар плод.

44 Зашто секое дрво се познава по својот род. Не се берат смокви од трње, ниту грозје од капина.