6 А во една друга сабота влезе во синагогата и поучуваше, а таму имаше и еден човек, чија десна рака беше исушена.
7 А книжниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат.
8 А Тој ги знаеше нивните мисли и му рече на човекот со исушената рака: „Стани и исправи се на средина!” И стана и се исправи.
9 А Исус им рече: „Ве прашувам вас: што е дозволено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси живот или да се погуби?”
10 И ги изгледа сите наоколу и му рече: „Протегни ја раката!” А тој направи така, и раката му стана здрава како другата.
11 А тие се исполнија со безумна јарост и се договараа меѓу себе што би можеле да Му направат на Исуса.
12 Во тие дни се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога.