1 Потоа, одеше по градовите и селата, проповедувајќи и навестувајќи го Божјото Царство. А со Него беа Дванаесетмината
2 и некои жени, кои беа излечени од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум бесови;
3 и Јоана сопруга на Иродовиот управител Хуза; Сусана и многу други, кои им служеа со своите имоти.
4 Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола: