16 ”Никој - кој запалил светилка - не ја покрива со сад ниту ја става под леглото, туку ја става на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат.
17 Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту скриено, што не ќе се разбере и излезе на видело.
18 И така, внимавајте како слушате! Зашто, кој има, ќе му се даде; кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.”
19 А мајка Му и браќа Му дојдоа при Него, но не можеа да Му се приближат заради множеството.
20 И некој Му јави: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.”
21 А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние, кои го слушаат Божјото Слово и го исполнуваат.”
22 А еден ден, Тој влезе во кораб со Своите ученици и им рече: „Да минеме на другата страна на езерото!” И отпловија.