Лука 8:29-35 MKB

29 Зашто му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот, кого го опфатил одамна, така што го врзуваа со вериги и го држеа во окови, и го чуваа, но тој ги раскинуваше оковите и бесот го гонеше во пустините.

30 Исус го праша: „Како ти е името?” Тој пак рече: „Легион”, зашто многу демони влегле во него.

31 И Го замолија да не им наредува да одат во бездната.

32 А таму по ридот, имаше големо стадо свињи, што пасеа. И демоните Го замолија да им дозволи да влезат во свињите, и им дозволи.

33 И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото се спушти низ стрмнината во езерото и се удави.

34 А кога пастирите видоа што се случи, избегаа и јавија за тоа во градот и во селата.

35 Луѓето пак излегоа да видат што се случи, па дојдоа при Исуса и го најдоа човекот, од кого излегоа нечистите духови, како седи до Исусовите нозе, облечен и умен, и се исплашија.