30 Исус го праша: „Како ти е името?” Тој пак рече: „Легион”, зашто многу демони влегле во него.
31 И Го замолија да не им наредува да одат во бездната.
32 А таму по ридот, имаше големо стадо свињи, што пасеа. И демоните Го замолија да им дозволи да влезат во свињите, и им дозволи.
33 И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото се спушти низ стрмнината во езерото и се удави.
34 А кога пастирите видоа што се случи, избегаа и јавија за тоа во градот и во селата.
35 Луѓето пак излегоа да видат што се случи, па дојдоа при Исуса и го најдоа човекот, од кого излегоа нечистите духови, како седи до Исусовите нозе, облечен и умен, и се исплашија.
36 А тие, кои го видоа тоа, им раскажаа како беше спасен бесниот.