37 И целото множество од Гадаринската околина Го замоли да отиде од нив, зашто ги опфати голем страв, Тој пак влезе во коработ и се врати.
38 А човекот, од кого излегоа демоните, Го молеше да остане со Него; но го отпушти, велејќи:
39 ”Врати се во својот дом и раскажувај што ти направи Бог!” И си отиде разгласувајќи по целиот град што му направи Исус.
40 А кога се врати Исус, народот Го прими, зашто сите Го чекаа.
41 И ете, дојде човек, по име Јаир, кој беше настојник на синагогата, и падна пред Исусовите нозе и Го замоли да влезе во Неговата куќа,
42 зашто имаше единствена ќерка, на околу дванаесет години, и таа беше на умирање. И кога одеше, народот се туркаше околу Него.
43 А една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение и која го потроши сиот свој имот по лекарите, а ниеден не можеше да ја излечи,