39 ”Врати се во својот дом и раскажувај што ти направи Бог!” И си отиде разгласувајќи по целиот град што му направи Исус.
40 А кога се врати Исус, народот Го прими, зашто сите Го чекаа.
41 И ете, дојде човек, по име Јаир, кој беше настојник на синагогата, и падна пред Исусовите нозе и Го замоли да влезе во Неговата куќа,
42 зашто имаше единствена ќерка, на околу дванаесет години, и таа беше на умирање. И кога одеше, народот се туркаше околу Него.
43 А една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение и која го потроши сиот свој имот по лекарите, а ниеден не можеше да ја излечи,
44 Му пристапи одзади и се допре до работ на Неговата наметка, и веднаш и прекрати нејзиното крвотечение.
45 А Исус рече: „Кој се допре до Мене?” А кога сите одречуваа, Петар рече: „Учителе, многу народ Те турка и притиска.”