4 Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола:
5 ”Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше - едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа.
6 Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага.
7 Друго падна меѓу трње и трњето - растејќи со него - го задушија.
8 А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.” Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!”
9 А Неговите ученици Го прашаа, што значи оваа парабола?
10 Тој пак им рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Божјото Царство; а на другите им се даваат во параболи, така што: гледајќи да не гледаат и слушајќи да не разбираат.