47 А штом жената виде дека не може да се сокрие, пристапи треперејќи, падна пред Него и кажа пред сиот народ, зошто се допрела до Него и како оздравела веднаш.
48 А Тој и рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си со мир!”
49 Додека Тој уште зборуваше, дојде некој од куќата на настојникот и рече: „Ќерка ти умре, не измачувај Го повеќе Учителот!”
50 Штом Исус чу, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена.”
51 А кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со Него, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојчето.
52 Сите плачеа и тажеа по неа. Тој пак им рече: „Не плачете, зашто не е умрена, туку спие!”
53 И Му се потсмевнуваа, зашто знаеја дека е умрена.