51 А кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со Него, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојчето.
52 Сите плачеа и тажеа по неа. Тој пак им рече: „Не плачете, зашто не е умрена, туку спие!”
53 И Му се потсмевнуваа, зашто знаеја дека е умрена.
54 А Тој ја фати нејзината рака и извика: „Дете, стани!”
55 И нејзе и се врати духот, и стана веднаш, и Тој нареди да и дадат да јаде.
56 Нејзините родители се зачудија, а Тој им заповеда никому да не кажуваат за тоа што се случило.