14 А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.
15 А по читањето на Законот и Пророците, старешините на синагогата испратија до нив да им кажат: „Браќа, ако имате некакво утешно слово за народот, зборувајте!”
16 Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: „Мажи Израелци и вие други, кои се боите од Бога, чујте!
17 Бог на овој Израелски народ ги избра нашите татковци и го издигна народот во туѓина, во Египетската Земја, и со воздигната рака ги изведе од таа земја,
18 и околу четириесет години ги трпеше во пустината;
19 и уништи седум народи во Хананската Земја, и им ја даде во наследство нивната земја;
20 за околу четири стотини и педесет години. Потоа им ги даде судиите до пророкот Самоил.