27 Зашто жителите на Ерусалим и нивните началници не Го познаа, туку Го осудија и така ги исполнија пророчките зборови, што се читаат секоја сабота.
28 Иако не најдоа никаква вина, која заслужува смрт, бараа од Пилата да Го погуби.
29 И кога исполнија сè што е напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија во гроб.
30 Но Бог Го воскресна од мртвите.
31 И повеќе денови им се јавуваше на оние, кои со Него од Галилеја отидоа горе во Ерусалим, а кои се сега Негови сведоци пред народот.”
32 ”И ние ви го проповедаме Евангелието за ветувањето дадено на татковците, дека Бог го исполни на нас, нивните деца, кога Го воскресна Исуса,
33 како што е напишано во вториот псалм: ‘Ти си Мој Син, Јас Те родив денес.’